ТЕРА

REKLAMA???

„ПАДОТ НА МАСАДА“ НАЈНОВА ПРЕМИЕРА НА ДЕЈАН ПРОЈКОВСКИ

Драмски театар со премиерата на претставата „Падот на Масада“ ја заокружи програмата за 2023 година. Претставата е во режија на Дејан Пројковски по текст на Венко Андоновски. Асистент на режија е Дамјан Димовски, сценографијата и костимографија ги подготви Валентин Светозарев, а музиката е на Горан Трајкоски.

Улогите ги толкуваат Јелена Жугиќ, Емилија Мицевска, Филип Трајковиќ, Рубенс Муратовски и Александар Степанулески.

Андоновски вели дека денес е незамисливо тоа што го сториле Јудејците во Масада (кога меѓу 37 и 31 година п.н.е. кон крајот на првата Еврејско-Римска војна, завршила со масовно самоубиство на 960 луѓе, заб.), да се убијат за да не паднат во рацете на непријателот.

Тој истакна дека му е особено драго што по подолго време повторно има претстава по  негов текст во Драмски театар кој како што нагласи, го смета за него матичен театар.

Режисерот Дејан Пројковски не го криеше задоволството од работата со, како што рече, прекрасна актерска екипа со која што имал убав креативен процес, обидувајќи се да ги преиспитуваат сите прашања и дилеми кои што ги отвора текстот.Тој се осврна и на дилемата за изборот меѓу доброто и лошото, парафразирајќи аргентински поет според кого разликата меѓу доброто и лошото е како совршените и просечните камбани кои се разликуваат во еден полутон.Додаде дека тестирајќи ги сите работи, смета дека се отвора најважната тема во претставата, дека живото е само еден и дека во тој живот човек треба да ја најде смислата каде и со кого ќе ги гледа облаците.

Ова, инаку е четврта соработка на Пројковски со Андоновски и прва после „Генетика на кучињата“ како заедничка соработка во Драмски театар.