Пазарџиите во Битола против вадењето на лиценца

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Законот за трговија на зелени пазари целосно да се укине – лиценци не ни требаат децидни се пазарџиите кои бараат до крајот на оваа недела да се најде разврска по однос на нивните барања. Велат вадењето лиценца за поседување на тезга претставува доплнителeн финансиски трошок за нив.


-Зошто да вадиме лиценци. Јас сум земјоделец и години тука продавам на пазарот. Ние тука се си плаќаме како што треба. Јас имам пензија од мажот ми кој почина на 50 години и земам 8 илјади денари. Дали со тие пари јас можам да живеам, вели продавач на тезга во Битола.

-Против сум за лиценца вадење. Тоа за нас претставува само доплнителен трошок. Јас сум со пензија, си имам дополнителна дејност како пензионер. Како продавав досега? Сега од каде излезе овај закон? Нека ми ја зголемат пензијата па ќе седам дома нема да продавам. Против сум за лиценца, не треба законот да стапи на сила, вели тезгаџија.


Законот за трговија на зелени пазари кој беше донесен минатата година во јануари, а за него гласаа 64 пратеници, без ниту еден против и воздржан. Сега политичките партии ќе се договараат да се усогласат дали ќе има одложување или укинување на Законот за трговија на зелени пазари.Пазарџиите претходно ги поканија пратениците кои го гласале законот за трговија на зелени пазари да застанат на еден ден пред тезгите за како што изјавија да ја почувствуваат борбата за егзистенција.Министерот за економија најави јавна дебата во Собранието за овој закон, откако пазарџиите го кренаа гласот против овој закон.

Share.