Пакетот економски мерки помина на комисијата за финансирање и буџет

Вчера на собраниската комисија за финансирање и буџет изгласани беа 4-те пакетот економски закони од 5 сет на мерки за справување со ковид кризата.

Со овие мерки финансиски ќе им се помогне на најзагрозените стопански гранки. Нивното  доцнење остави без плата илјадници граѓани, а голем број вработени беа испратени на принуден одмор.

Покрај предлог законите за финансиска помош за исплата на плати за месеците февруари и март, на комисијата помина и законот за помош на ранливите категории на граѓани. Овој предлог закон се однесува на 22 илјади граѓани кои лани поради кусите рокови не успеаа да си ги подигнат шесте илјади денари државна помош. Првичниот рок беше до 31 март, но со амандман беше продолжен до 31 мај.

Се очекува во најбрз можен рок да биде свикана и пленарната седница на која треба да поминат овие законски решенија.

 

Сподели