Палмер денеска во Македонија

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Метју Палмер, заменик-помошникот државен секретар на САД, денеска ќе ја посети Македонија за да разговара за американската поддршка за Договорот од Преспа меѓу Македонија и Грција.

„Палмер ќе пристигне во Македонија на 22 октомври за да разговара за поддршката на САД за преспанскиот договор и важноста на напредокот на македонската реформска агенда”, соопшти амбасадата на САД во Македонија.

Палмер во Македонија доаѓа по посетата на Србија, каде што учествуваше на Белградскиот безбедносен форум.

Предвидено е Палмер да се сретне со министерот за надворешни работи Никола Димитров, а во 18 часот, по средбата со премиерот Зоран Заев, заедно ќе одржат конференција за медиумите во Владата.

mkd.mk

Share.