ТЕРА

REKLAMA???

„ПАМТИМ САМО СРЕТНЕ ДАНЕ“ КОНЦЕРТ ВО МАКЕДОНСКАТА ФИЛХАРМОНИЈА

Во салата на Македонската филхармонија се одржа концертот “Памтим само сретне дане”. На концертот се пееја хитовите на загрепската поп рок школа од 80-тите и 90-тите години во придружба на оркестарот на Филхармонија. Концертот започна со хитот „Чаробно јутро“ на Нина Бадриќ, а заврши со хитот „Македонија“ на Дадо Топиќ, два биса и Калембер како диригент.

Публиката имаше можност да ужива во бесмртните хитови на Парни Ваљак, Прљаво Казалиште, Nови Фосили, Сребрена Крила, Аеродром, Габи Новак, Јосипа Лисац, Тајчи, како и на авторите Зринко Тутиќ, Хусаин Хасанефендиќ-Хус, Рајко. Дујмиќ, Ѓорѓе Новковиќ, Џони Штулиќ, Арсен Дедиќ и други, во малку поинаков аранжман, направени од Јосип Цвитановиќ, Оља Дешиќ и Иван Попескиќ.

Како вокални солисти настапија легендарните Владо Калембер и Јурица Паѓен, Аида Мушановиќ-Аршиќ, Дејан Цукиќ, Агни Афшар, Мартина Мајерле и Макс Хозиќ. Калембер ја потсети публиката и на местото на своето раѓање, Струмица, и истакна дека во Македонија си е дома. На својата врска со Скопје и Македонија потсети и познатиот Јурица Паѓен од групата „Аеродром“. Тој раскажа дека година и половина бил жител на Скопје, односно во македонската метропола служел војска.

Пејачите двапати беа враќани на бис. Сите заедно го пееја големиот хит од репертоарот на Дадо Топиќ „Македонија“, како и хитот од „Нови фосили“, „За добра стара времена“.