Папата го продава своето ламборџини, приходот оди за добротворни организации

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Папата Франциско реши да се раздели од своето ламборџини, кој во ноември минатата година го доби како подарок од произведувачот, фирмата Аутомобили Ламборџини.

Моделот хуракан РВД купе на 12 мај ќе биде понуден на лицитација во Монако, објави британската аукциска куќа Сотби.

Се проценува дека уникатното возило со бело-златна боја на лицитацијата би можело да биде продадено за 250.000 до 350.000 евра. При изборот на боите, произведувачот се решил за тие што го красат ватиканското знаме.

Папата целиот приход од продажбата има намера да им го донира на хуманитарни организации.

Околу 70 отсто се наменети за проектот обнова на ирачката покраина Нинива, во која се наоѓа градот Мосул што е речиси целосно уништен во нападите на Исламска држава. Останатата заработка ќе им се распредели на три добротворни организации.

Франциско го доби автомобилот во ноември минатата година и веднаш најави дека ќе го даде на лицитација, а приходот ќе оди за хуманитарни цели. Автомобилот е потполно нов, а папата обично се вози во форд фокус.

мкд.мк

Share.