Католиците денеска го слават најголемиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден.
Папата Франциск за време на одбележувањето на Велигден ги повика лидерите да ја слушнат молбата на народот за мир во Украина критикувајќи ја Русија дека ја вовлекува земјата во „суров и бесмислен“ конфликт. Тој ја осуди „суровоста на војната во Украина“.

На мисата присуствуваше Иван Федоров, градоначалникот на Мелитопол, кој беше уапсен од руските сили минатиот месец, а подоцна ослободен во размена на затвореници.
„Сите се молиме за вас и со вас. Се молиме затоа што има толку многу страдања. Можеме само да ви го дадеме нашето друштво, нашите молитви и да ви кажеме: „бидете храбри, ние сме со вас“, рече папата Франциск.
Тој заврши со зборовите „Христос воскресна“ на украински.













