ТЕРА

REKLAMA???

ПАПАТА ФРАНЦИСК: ДА СТАНЕМЕ АЏИИ НА НАДЕЖТА,МИРОТ И ЕДИНСТВОТО

Денеска папата Фрањо ги упати своите вообичаени божиќни честитки и порака од централниот балкон на базиликата „Свети Петар“ пред толпата на плоштадот и во живо кон луѓето кои гледаат низ светот преку медиумите. На крајот, тој го даде својот благослов „Урби и орби“ – на градот и на светот како што тоа го прави и во неделата на Велигден.

Посакувајќи им на сите „спокоен и благословен Божиќ“, oтпочнувањето на јубилејната 2025 година ја одбележа темата на овогодинешната божиќна порака и контекст, бидејќи Папата ја отвори светата врата на базиликата Свети Петар на почетокот на вчерашната Божиќна миса во текот на ноќта.   Папата објасни дека вратата „го претставува Исуса, вратата на спасението отворена за сите“ и Добриот пастир, кој нè очекува со раширени раце. Отворената врата подразбира покана за помирување сами со себе, еден со друг и со непријателите. Потсетувајќи на храброста којашто и нему му била потребна да го помине прагор, така треба храброст да се замочли оружјето како најголем предизвик на нашиот свет, во Украина и на Блискиот Исток. Се помолил и за блискост со христијаните во Либан и Сирија, за престанување на епидемијата од сипаници во Демократска Република КОнго, Буркина фасо, Мали, Нигер и Мозамбик. Упатил молитва за дијалог и социјална хармонија , особено за раселените и за помирување во САД. Се помоли Кипар по 50 години да се обедини за да се најде заемно решение за почитување на правата и достоинството на сите заедници.  На крај ,  Папата се помоли овој јубилеј да понуди можност за простување на долговите, особено на најсиромашните земји. Сите сме повикани да им простуваме на другите, како што „Синот Божји, роден во студот и темнината на ноќта, им прости на нашите“, потсети Папата и како што Господ „не исцелува и ни простува“.

Jубилејна година. Според древната еврејска традиција, јубилејна година се славела на секоја 50-та година, во неа се враќала еднаквоста меѓу сите израелци, нудејќи нови можности на семејствата кои го изгубиле имотот, па дури и својата лична слобода.

Католичката традиција започнува да слави Света година со папата Бонифациј VIII во 1300годината. Според неговата замисла Јубилејот требало да се слави на секоја стота година. Од 1475 година па натаму – за да се овозможи на секоја генерација да доживее барем една Света година – одредено е дека редовниот Јубилеј да се слави на секоја 25-та година.