Пари за општините од Програмата за рурален развој

0
247

Градоначалниците на руралните општини бараат повеќе пари во Програмата за рурален развој и поголема транспарентност при спроведување на мерките од Платежната агенција. На седницата во Скопје присуствуваше и градоначалничката на Битола Наташа Петровска.

-Постојат афинитети, за средините кои што досега биле позапоставени да имаат можност за повисоки финании , меѓутоа тука општина Битола воопшто не е исклучена бидејќи во атарот на општината припаѓаат 65 села  кои имаат свои потреби и влегуваат во овие програми. По она што но беше презентирано, дефинитивно општина Битола може да аплицира по сите повици:321, 322, и 323 програмата кои што ќе значат насушно задоволување на потрееби на наши граѓани и од инфраструктурни санации, и генерално овозможување на поголема социјализација на луѓето од тие средини. Гледам позитивно на тие програми и општина Битола воопшто нема да биде запоставена во добивањето на шанси за да се направи многу повеќе, рече Наташа Петровска, градоначалник на општина Битола.