Пари за прилепски ЕУРОКОМПОЗИТ

0
116

Владата на Република Македонија на 78-мата седница, донесе одлука да го измени заклучокот од претходната, 77-ма седница и согласно новиот заклучок ја задолжи компанијата „11 Октомври – Еурокомпозит АД Прилеп“ да достави барање за позајмица од вкупно 11 милиони денари (6 милиони денари од АД ЕЛЕМ – Скопје и 5 милиони денари од АД МЕПСО – Скопје). Со оваа измена, на вработените во оваа компанија наместо по една, ќе им бидат исплатени по две плати.

„Стечајот може да заврши со задржување на вработените и продолжување на работата на капацитетот, како што беше со ФЕНИ. Тој модел ќе се обидеме да го примениме и на Еурокомпозит, наместо долгиот процес за приватизација“ истакна денеска вицепремиерот Кочо Анѓушев, одговарајќи на новинарски прашања.

Тој лично, како што рече, е оптимист дека Еурокомпозит за краток период ќе продолжи со работа.