ТЕРА

REKLAMA???

ПАРИ ИМА, НО ИМА И ПРОБЛЕМ СО ВЕЛОСИПЕДСКИТЕ ПАТЕКИ И „ПАРК“

Ова е 62- та критична маса која се извози во Битола во април 2022 година, само шест месечи по локаните избори, а пред кои исто така политичари возеа на неа, исто како и на оваа. Пораката која ја упатуваа беше дека и тие се за велосипедска инфраструктура во градот, кој исто така има загаден воздух, има многу сообраќај, помалку паркинг места, па преку вакво протесно возење бараат побезбеден и поодржлив град.

Пари има, но има и проблем. И веќе една година откако се отвори темата, ниту со парите се направија велосипедски патеки, ниту се почна реконструкцијата на објактот „Парк“.

Точаците по битолски неколку пати се обидоа да ги внесат во Советот, а влегоа и во Јавното обвинтелство.

На една од седниците беше кажано дека во развојната програма на општината за 2024 и 2025 година за велосипедски патеки има планирано средства во висина од околу 35 милиони денари.

Другите пари се пак од проектот наречен „Smart4you2“ европски пари за поголем прекуграничен проект со Албанија, а во рамките на кои требаше да се реконструира некогашниот објект „Парк“ како заедничка споменина целина со Офицерскиот дом.

Ставот на Општината е дека сега таа реконструкција би чинела многу повеќе оти во меѓувреме се случи и економската криза, па пораснаа цените и на репроматеријалите, а ако тие пари се употребат за велосипедска патека тогаш и кофинансирањето на Општината ќе биде помало, отколку што би било за „Парк“.

Во продолжение ви го пренесуваме целиот видео прилог.

Оваа новинарска сторија е изготвена во рамките на проектот „Заштита од корупција” што го спроведува Центарот за граѓански комуникации со финансиска помош од Амбасадата на Кралството Холандија во Скопје. Содржината на сторијата е единствена одговорност на новинарот и медиумот.