Пари од министерството за животна средина

Министерот за локална самоуправа Горан Милевски информира дека на предлог на Министерството за локална самоуправа, Владата донесе одлука, Министерството за животна средина да распредели 38.744.498 денари, по основ на надоместок за производство на енергија од фосилни горива, како наменски дотации на неколку општини од земјава. Меѓу нив, од овој регион се Битола, Новаци и Могила.

 

Сподели