Парламентарни избори во Словенија

0
392

Словенците денеска по осми пат од осамостојување, ќе излезат на парламентарни избори на кои ќе гласаат за 90 членови на Државниот збор. Според анкетите, најголема поддршка ужива Словенечката демократска партија (СДС) на поранешниот премиер Јанез Јанша.

Предизборните анкети покажуваат дека мнозинството од 1,7 милиони Словенци со право на глас се незадоволни од четиригодишниот мандат на лево-ориентираната коалиција предводена од Миро Церар.