ТЕРА

REKLAMA???

ПАРНИ ВАЉАК НЕ ГО ЗАБОРАВИЈА АКИ ПРИ ПРЕВЗЕМАЊЕТО НА НАГРАДАТА ПОРИН

Управниот одбор на Порин оваа година престижната награда за животно дело ја додели на Хусеин Хасанефендиќ и Парни Ваљак. Истата се доделува на уметници кои ја одбележаа хрватската музичка сцена со својот труд, работа и успеси, кои испишаа историја и на оние без чие оригинално дело, вокал и талент не може да се замисли светот на музиката.

Хасанефендиќ  не заборави да го спомене и Аки Рахимовски.

„ Не можам доволно да истакнам колку Аки беше важен мојот брат, пријател. Во секој случај не можеме назад, мораме напред, Околу мене е мојот бенд кои ме трпат во секоја моја ситуација. Во секој случај оваа постава на бендот многу ми значи и благодарен сум затоа што тие со својата посветеност и талент, на некој начин им даваат нова димензија на тие песни кои ги создавам“.

Клавијатуристот на бендот Блажевиќ, покрај заблагодарувањето на семејството и верната публика се надоврза на Хус за благодарноста кон Аки.

Во образложението за наградата беше истакнато : „ Се сеќавам на првата аудиција на крајот на ноември 1993 година и на задоволството што можеше да се забележи на лицата на избраната публика. Од првите тактови на „Љубавна“, до величенственото финале на „Молитва“, со пораки за важноста на намерата, можноста за избор, за заборавот, надежта, раните од војната, копнежот, пред се љубовта и прашањата, прашањата… без т.н. филери, сè, но апсолутно сè, непогрешливо се докажа дека тоа е ново ремек дело во нашата поп музика“, истакна Синиша Шкарица.

Популарниот хрватски рок бенд ,,Парни ваљак”  ќе одржи концерт во Скопје, на 18-ти мај во Спортскиот центар Јане Сандански. Настанот е во организација на Авалон Продукција. Во Македонија доаѓаат со новиот вокалист, Игор Дрвенкар, кој дојде во бендот по смртта на Аки Рахимовски.