Пасија по Биби-најнов соло перформанс на актерот Петар Милошевски

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Петар Милошевски е актер кој роден во Битола, веќе долги години живее и работи на театарската сцена во Лондон.

Во периодот работи на својот најнов соло перформанс The passion according to Bibi, односно Пасија по Биби.

Милошевски дипломирал на Академијата во Софија, за потоа да се вработи во театарот во Благоевград, каде има среќа да биде единствениот актер на негова возраст, што има можност да ги одигра сите улоги што актер на негова возраст можеше да ги одигра.

За одењето во Лондон вели дека се случило сосема спонтано.

– За мене би бил и дополнителен предизвик да играм дело на македонски јазик, бидејќи јас сум од овде, но никогаш не сум играл на македонски јазик. Не зборувам за аматерските денови во Битола, но на професионален план би било голем предизвик да научам како да ги откривам и преоткривам тајните на театарот на својот мајчин јазик-вели  Милошевски.

За тоа колку и дали следи што се случува на македонска театарска сцена вели – интересно е да гледате од страна како одат работите во македонскиот театар, како еволуираат пред се, интересни се естетиките.

Милошевски за својата работа е добитник на повеќе награди и признанија меѓу кои и онаа награда на фестивалот на монодрама во Битола.

Премиерата на Пасија по Биби ќе биде во Лондон на 2-ри и 3-ти август.

Share.