ТЕРА

REKLAMA???

ПАТНИЧКИ ВОЗ ДО ЖАБЕНИ, СЕГА ПРИОРИТЕТ Е И ТРАНСПОРТОТ НА ЈАГЛЕН ОД ГРЦИЈА

Во „Железници“ во моментов има активности за новиот возен ред на железничкиот транспорт на патници и стоки. Директорот на ЈП за железничка инфраструктура „Железници“ Хари Локвенец за Тера телевизија вели дека се работи на што поскоро пуштање на патнички воз кој од станицата Битола ќе сообраќа до станицата „Жабени“ а кој би одговорил на потребите на индустријата, значи превоз на патници до производствените капацитети во тој регион, но и за попатно превезување патници на стојалиштата кои што ги има на оваа делница.

За железничкото поврзување преку Кременица со соседна Грција, се уште се чека работите да бидат комплетно завршени од грчка страна во делот на нивната инфраструктура, бидејќи кај нас тоа е завршено, а откако тоа ќе го средат грците, тогаш ќе има употребна вредност ова поврзување не само со Лерин, туку и до Солун, вели Локвенец.

На средбата што Локвенец ја имал во Солун со неговите колеги добил ветување дека грчката страна ќе го заврши својот дел, по што ќе може да се случи поврзувањето.

Но, она што во моментов е поголем приоритет, вели тој, е обезбеувањето на оваа врска за транспорт на јаглен и други енергенси кои од солунското пристаниште би стигнувале во РЕК Битола, преку Кременица. Се работи во моментов за потенцијална потреба, бидејќи тоа би бил наједноставниот транспорт до РЕК Битола, во време кога треба да сме подготвени за обезбедување со ресурси за производство на електрична енергија, за што во Атина се водеа разговори меѓу енергстските компании за увоз на јаглен во Македонија.

Директорот на „Железници “ вели дека на средбите во Солун ги договараа и протоколите за транспорт на енергенси преку Гевгелија.