Патнички воз удрил во автомобил на автошкола

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Патничкиот воз кој вчера попладне влегувал во Битола удрил во автомобил на автошкола кај полигонот за обука и полагање на возачи.

Според информацијата од битолската полиција незгодата се случила околу 17:30 часот, а со автомобилот управувал кандидат кој се обучувал за возач заедно со инструктор.

Од сударот била предизвикана само материјална штета, повредени лица нема, велат од полицијата.

Во врска со овој настан денеска со соопштение се огласи и општина Битола.

„Во текот на вчерашниот ден се случи сообраќајна незгода на преминот на железничката пруга во близина на полигонот за обука и полагање на возачи од Општина Битола, на патот кој се користи за пристап до земјоделските парцели од двете страни на патот.

Во информацијата од општината велат дека за среќа, сообраќајната незгода помеѓу воз и патничко возило завршила со мали материјални оштетувања на возилото, без никакви последици за учесниците во немилиот настан.

Со цел во иднина да бидат избегнати ваквите несакани ситуации, Општина Битола апелира до корисниците на полигонот за обука на возачи, да го користат пристапниот пат кој се поврзува со локалниот пат преку селата Долно Оризари – Карамани.

За таа цел, од општината ја објавуваат патеката на движење за пристигнување до полигонот за обука на возачите“ стои во соопштението.

Share.