Патријархот Кирил и папата Франциско за нападите во Сирија

0
413

Патријархот московски и на цела Русија, Кирил изјави дека денеска телефонски разговарал со папата Франциско за воздушните напади на САД, Велика Британија и Франција во Сирија.

– Христијаните не можат да останат на страна гледајќи што се случува во Сирија, посочи патријархот Кирил.

Тој додаде дека Руска православна црква ќе ги продолжи разговорите со Римокатоличката црква со цел да се запре крвопролевањето во Сирија.

– Планираме во блиска иднина, можеби вечерва, можеби утре, да ги продолжиме консултациите и на некој начин да се обидеме да влијаеме врз ситуацијата во Сирија, со цел да престане крвопролевањето, истакна патријархот Кирил.