Линијата на супербрзиот воз кој вози кон континенталниот дел на Кина е отворена денеска во Хонг Конг, со што патувањето што траеше еден час е скратено на 14 минути.
Изградбата на супербрзата линија траеше повеќе од 8 години и чинеше 10,7 милјарди долари.
Овој нов систем е направен така што на дневно ниво ќе може да превезува 80.100 патници од финансискиот центар на Азија кој брои 7 милиони луѓе, до средиштето на производството, провинцијата Гуангдонг.
Како што пренесува АП, трасата на возот од Хонг Конг (Вест Ковлун) до Футијан долга е 26 километри, и како што истакнуваат од корпорацијата МТР, возењето трае 14 минути.