Пациенти болни од рак останале без хемотерапија

0
2335

Дел од  пациентите болни од рак останале без потребната хемотерапија, рекоа денеска од Лигата за борба против ракот, здружение што ги штити правата на овие заболени лица.  Побараа  здравствените власти да најдат решение за надминување на ваквата ситуација.

„Пациентите често се упатуваат сами да си ги набавуваат лековите. Овие лекови се многу скапи, оние што имаат финансиска можност ги набавуваат и потоа ги рефундираат средствата преку Фондот. Оние што немаат пари, чекаат по неколку месеци, со тоанизното здравје с езагрозува, а се зголемува и бројот на смртни случаи“ рече Стојан Стојановски од Лигата за борба против ракот од Битола.

Од битолската болница велат дека проблемот настанал поради лошото планирање, односно потребите од оваа терапија се поголеми од набавениот лек со тендерот од минатата година.

„Последниот тендер беше направен за време на претходниот менаџерски тим, испланирани биле 360 ампули кои биле потрошени во првите 6 месеци. Овој менаџерски тим го согледа проблемот и веќе од понеделник пациентите ќе ја имаат потребната терапија“ вели Сузана Коневска портпарол на Клиничка болница Битола.