Пее, свири виолина и освојува први награди по математика

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Ана Ванчевска е нашата гостинка во ова издание на емисијата Тера Забавник. Ни раскажа дека уште од многу мали години сакала да гледа детски фестивали, а на нејзините пет години беше дел од детскиот музички фестивал „Си-До“. Од тогаш наваму има многу настапи на овој фестивал.

Освен што пее, таа свири и виолина во нижото музичко училиште во Битола.

Пеела и за математиката, но и освојува и први места по овој предмет на државните натпревари. На сите три освоила први места, а на последниот освен што решавала задача и цртала.

 

Share.