Пелагонија низ парите

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Какви буџети имале општините во Пелагонискиот регион, од 2013 година заклучно со 2017. Највисокиот е кај општина Битола околу 13 милиони евра, но тоа е основниот буџет, без дотациите од државата. Со нив вкупната сума, односно консолидираниот буџет на општина Битола е околу 25 милиони евра.
Во следните години висната на буџетот се намалува. Најнизок буџет имала општина Кривигаштани, основниот за 2013 бил околу 500 илјади евра, но од година во година се зголемувал, така што во 2017 години се зголемил за речиси два пати. И кај Демир Хисар од година во година има зголемување на основниот буџет. Истиот тренд го има кај сите други општини освен кај битолската каде после 2013, тој се намалува.

Завршните сметки на општините покажуваат дека само кај три општини во изминатите четири години имало помали раходи од приходи. Таков бил случајот со Битола, Долнени и Кривогаштани. Кај сите други завршните сметки покажуваат поголеми расходи од приходи, но не во сите години.

Најмногу вработени имало во општина Битола за 2017 години, нешто помала е бројката во 2013, 154 односно 150. Во Демир Хисар во 2017 имало најмногу вработени 51, колку што биле и во 2016, а во 2013 имале само 39. Прилеп во 2016 имала 136 вработени. Општина со најмалку вработени за оваа година е могилската со само 14 на неопределено време, но затоа има плус 12 на определено и две лица со договор. Може да се забележи дека во битолската, могилската и новачката оптшина и општина Демир Хисар имало и вработувања на определено и на договор со дело.


Финансиските показатели за работењето на јавните претпријатија покажуваат загуби во дел од годините. Во 2013 година тоа може да се види кај битолската Жабени, јавното претпријатие Пазари Прилеп и Комуна од Крушево.

Во 2014 година загуби има кај Комуна Крушево, Јавното претпријатие за просторно и урбанистичко планирање во Прилеп и Индустриската зона Жабени.

Во 2015 година повторно кај Жабени и Комуна од Круешево, а завршните сметки за 2016 покажуваат дека кај ниту едно од јавните претпријатија во деветте општини немало работа со загуба.

Дури над 10 милиони евра е вкупната врдност на јавните набавки во Битола за 2016 година. Зад битолската е прилепската, општина Долнени имала само над 730 илјади ебвра вкупна вредност на јавните набавки, а најмалку во оваа година во Кривогаштани. Од оваа анализа може да се види дека на пример во општина Битола вкупните јавни набавки за претходната 2015 година биле околу 4 милиони евра, за следната 2016 да скокнат на над 10 милиони евра.

Од 2013 до 2016 година, само две општини имаат склучено договор за Јавно-приватно партнерство. Општина Битола во 2015 година, а општина Ресен во 2016 година.

Најголема стапка на невработеност во Пелагонија сме имале во 2013 година кога била 22,2 проценти, во 2014 се намалила на 18,7, потоа пораснала во 2015 на 21,1, а во 2016 паднала на 19 проценти.

Највисока стапка на вработеност во Пелагонија сме имале во 2014 година и била 53,1 процент, мало намалување во следната година, и многу мало зголемување во 2016 кога била 52,5 проценти. Најниска стапка на вработеност сме имале во 2013 година.

По бројот на вработени лица во јавната администрација на врвот е Битола со 2259, зад неа е Прилеп со 1973, на трето место е Ресен со 530, а зад него Долнени со 333. ВО 2016 години најмалку имало во Новаци само 96.


Општините во своите буџети планираат и средства кон невладините организации и граѓански здруженија. во 2015 година општина Битола испланирала над 350 илјади евра, а доделиле нешто помалку односно 348 илјади евра.

Овој вид податоци овозможува и правење на споредбени анализи не само за овие девет општини од Пелагонија, туку и за останатите од Македонија. Анализата за Пелагонискиот регион ја праше МКЦ Битола во рамите на проектот за „Истражувачко новинарство за поттикнување реформи”, што го спроведуваат Центарот за граѓански комуникации, НВО Инфоцентар и БИРН Македонија со финансиска поддршка од Европската Унија.

Share.