Уште денеска е отворен новогодишниот , божиќниот базар на хотелот „Шумски Фенери“ – еден од настаните кои веќе шеста година со ред ја доближува топлината на новогодишните празници. Ние го посетивме синоќа, вие имате можност тоа да го направите денеска во период од 18.00 до 22.00 часот.

„Мама миа„ од пеењет на прилепската женска група, но и како израз, фраза со која се покажува воодушевување може да биде првата мисла којашто минува низ главата кога се влегува во зимскиот волшебен свет на Пелистерсиот новогодишен базар во добро познатиот хотел и ресторан„Шумски Фенери“.

За тоа кој изложува, кој пее, што се случува, ја прашавме Љубица Мушуланова-Ристевска, управител на бизнисот што трае веќе 36 години.
Од мирисот на палачинки и варено вино што ве пречекува заедно со новогодишните или божиќни песни од светот, јасно ви е дека за времето што ќе го минете таму ќе направите прекрасни спомени.
Идејата за новогодишен или божиќен базар светот ја има од 15век и оттогаш е хуманитарен по природа. И овој во Шумски фенери е таков. Но една друга карактеристика е важна – чувството за естетика.

„Елката е 5 метри, ни требаат точно 3 дена да ја украсиме, на неа има 1.870 украси, 700 метри ламбички“ – вели Љубица, којзнае колку се поставени во целиот објект, се шегуваше.
Љубица откри каде лежи клучот на шестгодишното празнување на сезонските празници односно украсувањето. Таа и нејзината снаа „тежат“ по дома од украси, ама љубовта е таа што ги води во украсувањето и сега реализацијата на новогодишниот базар. Тие се првите во градот, многумина сега ги повторуваат чекорите и на Мушуланова-Ристевска и е драго.

Се заблагодари на полицајците од СВР Битола, помагаат во регулирањето на сообраќајот, доаѓаат први на местото, заминуваат последни. И иако можеби новогодишните желби се врзуваат со ноќта кога се менува една година во друга, Љубица од Шумски фенери упати честитка до битолчани.

Вака синоќа беше во надворешниот дел на пелистерскиот новогодишен базар, Вие ќе откриете како е внатре во ресторанот. Провнете се низ секое ќоше, внимателно тематски се уредени, а и никогаш не се зане од каде ќе дојде вашата животна , а новогодишна инспирација.











