Пелистер во финишот го надигра незгодниот Бутел

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Второто коло на плеј-офот од Суперлигата беше отворено со прекрасен дуел на Пелистер и Бутел во спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола. По изедначниот прв дел, пелистерци го скршија отпорот на новајлијата во Суперлигата и го совладаа со 30-28 (13-13).

Најефикасни во екипата на Петковиќ беа Станојевиќ со осум и Поповиќ со шест погодоци, а кај Бутел се истакнаа Григориев и Мајиќ со по шест гола.

Плеј-офот продолжува в четврток со дерби дуелот во Автокоманда меѓу Металург и Еурофарм Работник.

Share.