Пелистер во финишот се спаси од пораз во пелагониското дерби

0
239

Пелистер и Победа ќе имаат тешка задача да изборат опстанок во Првата лига откако регионалното дерби заврши 1-1 за да останат на осмото и деветтото место на табелата.

Под „Тумбе кафе“, Победа прва дојде во водство преку Даноски, а потоа имаше шанса да ја обезбеди победата кога беше досуден пенал, кој сепак не го реализираа. Трифуновски погоди во 83. минута за бод за Пелистер.

ПМФЛ, 28.КОЛО

Вардар – Шкендија 2-3

Академија Пандев – Шкупи 1-2

Скопје – Силекс 1-1

Пелистер – Победа 1-1

Ренова – Работнички 2-1.

ФОТО: www.gol.mk