Пелистер го победи грчки ПАОК во затворен пријателски меч

0
325

Битолски Пелистер го искористи празниот период до недела кога во Скопје ја играат четвртфиналната група од Купот на Македонија, и одиграа пријателски натпревар против грчки ПАОК кого го совладаа со 31-26 (13-12).

Натпреварот се играше без присуство на публика, па битолчани беа скратени од можноста да ги видат квалитетите на двата тима. Избраниците на Томче Петрески ја наметнаа својата игра на почетокот од второто полувреме и заслужено се радуваа на победата.

Tомислав Јагуриновски беше најефикасен со осум голови, Жарко Чуриќ постигна шест, Реваз Чантурија беше автор на четири гола.