Пелистер го победи ТФТ среде Скопје и ја потврди есенската титула

Во претпоследниот меч од последното коло од првиот дел на Првата лига, ТФТ и Пелистер одиграа еден доста изеднаќен натпревар. Иако гостите од Битола беа во постојано водство цели 35 минути, за момент дозволија противникот да поведе. Но не и да победи.

Лидерот во првенството беше подобра екипа во првото полувреме. „Пелустерци“ не блескаа, но затоа пак го имаа постојаното водството на својата страна На крајот, по 20 минути игра, имаа плус од шест поени (39-33). Во продолжението уште поизедначен натпревар. Битолчани продолжија да ја бранат таа позитива, со релативно добар успех. Ги одбија нападите на ТФТ и во третата четвртина. Ја задржија предноста од полувремето, откако двете екипи си поделија по 20.поени, резултатот беше (59-53) во корист на првопласираната екипа во шампионатот.

Ништо не се промени ниту во последната делница од играта. ТФТ направи уште поголем притисок. Стигнаа домаќините и до еден поен негатива. По три и пол минути игра и серијата (9-2) за ТФТ, беше само (62-63) за Пелистер.

Не се задоволија со тоа момците на тренерот Боро Смилковски. Па по поените на одличниот Сапунџиев, преминаа во водство (64-63). И го натераа тренерот на гостите Марјан Илиевски на тајм-аут кога останаа да се доиграат 5:26 минути.

Тоа им донесе резултат на гостите, кои во наредните два напади, преку Малешевиќ и Трајковски ја вратија предноста на своја страна (67-64), по што и Смилковски мораше да потроши една минута за советување. Бродвеј донесе израмнување (67-67), Хортон погоди за (69-69). Но Малешевиќ со својот 17-ти поен го приближи Пелистер кон победата која ја потврдија, макар и преку линијата за слободни фрлања, Кесар и Младеновиќ.

Четворица домашни кошаркари имаа двоен број на поени, најмноги 15 – Ташовски, еден помалку Бродвеј. Покрај Малешевиќ, двоцифрени кај победникот беа уште и Кесар и Ѓуроски кои постигнаа по 11 поени.

Сподели