Пелистер го порази Силекс, опстанокот се уште е достижен

0
984

Екипата на Пелистер  остана во игра за опстанок и на стадионот „Тумбе Кафе“ со 2-1 (1-1) во натпревар во кој немаше премногу возбуда го совлада кратовски Силекс, кој е во борба за пласман во Лигата на Европа.

Битолчани направија чекор напред во битката за опстанок затоа што Победа загуби кај Шкупи и сега Пелистер е на минус еден бод од прилепчани кои се на осмото место кое води во плеј-офот. Исто така пораз доживеа и Скопје, кој е ривал на „зелените“ за опстанок. Пелистер победи првпат во последните пет кола, под водство на новиот тренер Неџат Хусеин.