Пелистер го претстави новиот тренер Томе Петрески

0
368

Денес со официјална прес-конференција РК Пелистер го претстави новиот тренер Томе Петрески. Прилепскиот тренер дебитираше во поразот на битолскиот суперлигаш на гостување кај Пролет.

„Имам одличен однос со моите претходници Алушовски и Марковски. Имам доверба во нивниот избор, но јас ќе наметнам мој систем и верувам дека ракометарите ќе го прифатат. Гледам дека атмосферата е на подобро ниво. Мора да се стабилизираме, а со тоа брзо ќе дојдат и резултатите. Не сум тренер кој однапред ветува успеси, ветувам само работа и професионалност. Барам трпение, го креваме клубот на едно повисоко ниво и наскоро ќе дојдат резултатите“, изјави Петрески.

В среда со коктел ќе биде отворен новиот дом на РК Пелистер, а ќе бидат поканети сите поранешни ракометари и ракометни работници. Во иднина по завршувањето на секој домашен натпревар во организација на РК Пелистер, двете екипи ќе бидат поканети на коктел во клупските простории во центарот на Битола.