Кошарка
Прва лига 2022/23
Плеј-оф
Полуфинале:
КК Пелистер – ТФТ Mozzart 100-80 (1-0)
Актуелниот вицешампион на Македонија, Пелистер без проблеми дојде до водство од 1-0 во полуфиналната серија против ТФТ Моцарт, oткако во првиот дуел во Битола славеа со 100-80
Многу работи во Битола беа јасни уште во првата четвртина. Пелистер отвори со големи 14-0, на истекот на петтата минута водеше со 19-2, а на стартот од вториот квартал и со неверојатни, но вистинити 46-20. ТФТ Моцарт ја врати драматиката на овој меч дури во третиот период. „Црно белите“ направија серија од 15-0 и се доближија на срриозно достижни (60:66). Но Пелистер брзо одговори со 8-1 за +13 и до крајот на натпреварот, разликата не „падна“ на едноцифрена.
Најдобар играч на мечот беше Сеад Хаџифејсовиќ кој имаше „дабл-дабл“ ефект од 32 поени и 12 скока, додека одлична партија имаше и Маслинко со 23 поени.
Вториот натпревар се игра во Скопје, в четврток попладне.












