Пелистер го совлада Вардар среде Скопје, но остана без место во Европа

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Вардар загуби на домашен терен од Пелистер во рамките на претпоследното коло од Суперлигата (26-30).  Сензационален резултат, иако според составите што се појавија на теренот, сензација не е ни блиску до реалниот опис на натпреварот.

Вардар настапи со 12 играчи, од кои од Лигата на шампионите ќе го препознаете единствено Халифа Гедбан, а ќе е сетите и на Марко Кизиќ или Марко Мишевски (7 гола).

Пелистер предводен од Маџовски (8) и Поповиќ и Ивановски (по 5) водеше цел натпревар и на крајот запиша сигурен триумф. Сепак, по победата на Бутел против Металург, пелистерци на едно коло до крајот немаат шанси за пласман на едно од првите четири места.

Share.