Пелистер го совлада Вардар Јуниор во дербито за второто место

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Ракометарките на Пелистер славеа на последниот натпревар од 14 коло со кој се спушти завесата во есенскиот дел од Женската Лига. Избраничките на Викторија Мурговска беа подобри од Вардар Јуниор со 32-25 (11-7).

Најдобри во домашниот тим со по 6 голови беа Дабевска, Каранфиловска, Јанкуловска и Талевска По 14 одиграни кола, на првата позиција убедливо се наоѓа Вардар со 42 бодови, додека втор е Пелистер со 28, бод пред Куманово и Металург.

Share.