Пелистер доби најтешка група во четвртфиналната фаза на Купот на Македонија

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Денес во просториите на РФМ се одржа извлекувањето на четвртфиналните двојки за Купот на Македонија 2018 во женска конкуренција, како и извлекувањето на четвртфиналните групи за Купот во машка конкуренција.

Вкупно 8 екипи во женска и 16 екипи во машка конкуренција ќе учествуваат во оваа фаза од натпреварувањето, а дуелите ќе се одиграат во текот на викендот на 21 и 22 април 2018 година.

КУП НА МАКЕДОНИЈА – МАЖИ, 1/4 ФИНАЛЕ

Група 1, Домаќин: РК Вардар
Полуфинале:
РК Металург 2 – РК Вардар
ГРК Борец – РК Металург Јуниор

Група 2, Домаќин: РК Еурофарм Работник
Полуфинале:
РК Струга – РК Радовиш
РК Прилеп 2010 – РК Еурофарм Работник

Група 3, Домаќин: РК Бутел Скопје
Полуфинале:
РК Бутел Скопје – РК Охрид 2013
РК Делчево Вардар – РК Пелистер

Група 4, Домаќин: РК Металург
Полуфинале:
РК Металург – РК Вардар Јуниор
РК Пролет 62 – РК Вардар Неготино

Четирите победници на четвртфиналните групи ќе обезбедат учество на Фајнл Фор турнирот што ќе се игра на 19 и 20 мај 2018 година.

КУП НА МАКЕДОНИЈА – ЖЕНИ, 1/4 ФИНАЛЕ

Еден натпревар:
ЖРК Овче Поле СУ – ЖРК Вардар
ЖРК Гевгелија – ЖРК Пелистер
ЖРК Деспина – ЖРК Металург
ЖРК Куманово – ЖРК Вардар Јуниор

Четирите победници на четвртфиналните групи ќе обезбедат учество на Фајнл Фор турнирот што ќе се игра на 19 и 20 мај 2018 година.

Share.