Влатко Костов од денес е нов тренер на битолски Пелистер. Костов во Битола доаѓа со цел да го врати Пелистер во прволигашката конкуренција откако тимот сезонава заврши на четвртата позиција зад Гостивар, Воска Спорт и Вардар.
Во изминатата сезона битолчани сменија двајца стратези, прво Марјан Секуловски, а по крајот на сезоната замина и Бобан Бабунски.
„Чест ми што ја добив довербата од клуб каков што е ФК Пелистер и луѓето што го водат клубот. Заедничка цел ни е ПМФЛ и од првиот ден ќе работиме на тоа“, изјави Костов на промоцијата.
Во кариерата како играч Костов го носеше дресот на Пелистер од 1988 до 1990, задоволство од соработката истакна и Митко Стојковски кој е претседател на клубот.












