Пелистер испушти победа во Кратово

0
497

Во заостанатиот натпревар од 21. коло на Првата лига Силекс и Пелистер одиграа 1-1 во Кратово во меч во кој гостите поведоа во 1. минута додека домашните израмнија во последната минута од судиското надополнување.

етар Љамчевски го отвори резултатот додека израмнувањето го обезбеди Глигор Глигоров.

Со овој бод Силекс е цврсто на третото место на прволигашката табела со 10 бода повеќе од Академија Пандев додека Пелистер е во опасната зона со 24 бода.