Пелистер и Шкендија во битка за трофејот

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Пелистер по подобото изведување на пенали победи излезе како севкупен победник во полуфиналето против Академија Пандев и во реприза од ланското финале со Шкендија ќе се бори за престижниот пехар.

Пелистер со предност од 2-1 по првиот меч отпатува на гостувањето кај Академија Пандев која атакуваше на своето прво финале во Купот на Македонија.
Пелистерци поведоа со гол на Марковски во 62. минута, но Академија Пандев успеа да го сврти мечот и со погодоци на Атанасов и Крстовски дојде до победа од идентични 2-1.
Патникот во финалето го решаваа пеналите а во нивната реализација подобра беше екипата на Пелистер која и оваа сезона ќе се бори за трофејот во Купот на Македонија.
Share.