Пелистер и Шкендија ќе играат за Куп титулата на 23 мај во Струмица!

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Шкендија и Пелистер во финалето на Купот на Македонија во фудбал ќе играат на стадионот „Младост“ во Струмица на 23 мај од 20.00 часот. Ланското финале беше среќно за Пелистер, кој по изведување на пенали ги совлада тетовчани и обезбеди место во квалификациите за Лигата на Европа каде загуби уште во првото коло од фаворизираниот Лех Познањ.

За Пелистер одбрана на титулата од Купот е единствена шанса за излез во Лига Европа следната сезона, бидејќи преку шампионатот битолчани нема да можат да изборат пласман на едно од првите четири места.

Ова е второ финале кое ќе се игра во Струмица, а надвор од Скопје завршните натпревари се играле уште во Прилеп и Штип.

Share.