Пелистер отпочна победничка серија, надигран Пролет во Битола

Ракомет – Суперлига – плеј-оф (Четврто коло)
Еурофарм Пелистер – Пролет 26-17 (12-6)

Еурофарм Пелистер реагираше по поразот од Вардар и во дуелот од четвртото коло на плеј-офот, го совлада Пролет со девет голови разлика, 26-17. Битолчани водеа во текот на сите шеесет минути, а добра вест е враќањето на Томислав Кушан по два месеци рехабилитација по повредата против Татабања.

Момците на Жељко Бабиќ континуирано ја зголемуваа предноста, а во последните десет минути ја искористија нервозата на гостите за да дојдат до убедлива победа.

Спортска сала „Боро Чурлевски“ – Битола
Судии: Мирко Трајковски и Александар Вукашиновски (Скопје)
Црвен картон: Андоновски (Пролет)
Син картон: Пецаковски (Пролет)

Еурофарм Пелистер:
Хендави, Чаневски, Мараш 2, Ојлески 2, Маркоски, Маџовски 1, Кукуловски 2, Мандалиниќ 5, Кушан 5, Стјепановиќ, Радовиќ 2, Периќ 3, Костески 4, Кукоски, Велковски, Петровски
Седмерци: 3/3
Исклучувања: 6 минути

Пролет:
Ангелов, Цветкоски 1, Кристо, Давитковски, Аларов 5, Пецаковски 2, Јовановски, Донев, Димов 1, Андоновски 4, Василевски, Потиќ 1, Палевски 2, Пејовиќ, Фичорски 1
Седмерци: 5/2
Исклучувања: 8 минути

Најефикасни во тимот на Еурофарм Пелистер беа Мандалиниќ и Кушан со по пет гола, а кај Пролет се истакнаа Аларов со пет и Андоновски со четири погодоци. Во следното петто коло, за време на викендот, Еурофарм Пелистер му гостува на Металург в сабота од 18:00 часот.

Сподели