Пелистер подобар од Пролет во ракометното дерби од второто коло

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

По поразот во градското дерби, ракометарите на Пелистер во дербито од второто коло на Суперлигата, го совладаа Пролет во Битола со 32-30 (17-14).

Најефикасни поединци во тимот на Пелистер беа Кобетиќ со десет и Поповиќ со осум погодоци, а кај Пролет се истакнаа Ласко Андоновски со шест и Трајковски и Василевски со по пет гола. Во следното коло битолчани пак играат против скопски ривал, гостуваат кај Бутел на Игор Котевски.

Еурофарм Работник утре го пречекува Радовиш од 18.00 часот.

Share.