Пелистер поразен од Шкендија

0
448
Во Битола, лидерот на табелата Шкандија забележа убедлива победа над Пелистер со 6-0.
Серијата на голови ја започна Бесмир Бојку (29 минута), Енис Фазлагиќ (38 минута) заголеми на 2-0, а Егзон Бејтулаи (41 минута) беше стрелец на третиот гол. И во вториот дел тетовци постигнаа уште три гола, а редоследно стрелци беа, Стенио Жуниор (55 минута), Арменд Алими (62 минута) и Марјан Радески (63 минута).
Пелистер и Шкендија ќе играат во финалето на Купот на Македонија.