Пелистер се засили со плејмејкерот Марјан Младеновиќ

Искусниот македонски плејмејкер Марјан Младеновиќ од денеск е нов играч на Пелистер.

Кошаркарот кој беше и на поширокиот список на поранешниот селектор Александар Тодоров, потпиша договор за претстојната сезона и повторно ќе работи со Марјан Илиевски со кого во 2019 година, тогаш во Блокотехна, триумфираше во БИБЛ лигата.

Велешанецот имаше неколку понуди по завршувањето на договорот со Работнички, но се одлучи да ја прифати понудата од Битола. Младеновиќ, покрај за Блокотехна и Работнички, настапуваше и за Гостивар и за Куманово.

Сподели