ТЕРА

REKLAMA???

ПЕЛИСТЕР ЈА СОВЛАДА ФМП АКАДЕМИЈА И ЈА ПРОДОЛЖИ ПОБЕДНИЧКАТА СЕРИЈА

Две различни полувремиња во Кисела Вода, и на крајот победа на Пелистер против домашниот тим на Навико Академија ФМП со 70-79 во Првата македонска кошаркарска лига. Домашниот состав, исполнет со доста нови и млади кошаркари, се чини, ја испушти шансата во првото полувреме

Во режија на веќе препознатливата „тројка“, Мустафица-Хаџифејзовиќ-Карутерс, Пелистер комплетно го сврте резултатот. По 33 минути веќе беше и 69:56, недостижно за домашниот состав кој успеа само негативата да ја претвори во едноцифрено заостанување.

Мустафица заврши со дабл-дабл ефект од 25 поени и 16 скока, Хаџифејзовиќ дополни со 17, Карутерс со 13, а двоен број на поени – 12 имаше и дебитантот во редовите на Пелистер, Карпентер. На домашната страна, Овенс запиша 18 коша, Кортесио 14, а Настовски 13.