ТЕРА

REKLAMA???

ПЕЛИСТЕР ЌЕ ДЕБИТИРА ВО АБА2 ЛИГАТА НА „БАЛОН“ ВО ЗЛАТИБОР

Отворањето на новото издание на АБА 2 лигата ќе биде на 17 октомври, на добро позната локација – Златибор. Ждрепката на натпревaрувачките броеви одлучи на српската планинска убавица уште во првото коло да го видиме дуелот на двата македонски претставници во ова натпреварувaње – Пелистер и ТФТ.

Средбата е закажана за првата вечер од новата сезона во второто, според квалитет, јадранско натпреварување, а стартува од 21:00 часот.

За разлика од последните сезони на првиот собир на Златибор (од пет планирани во текот на регуларниот дел) ќе бидат одиграни само две рунди од планираните тринаесет.

Во второто коло на 19 октомври во 21:00 часот битолски Пелистер ќе игра против словенечкиот Шентјур.