Пелистер ќе игра со Работнички во осминафиналето на Купот

Денес во седиштето на Фудбалската федерација на Македонија беше извлечена жрепката за осмина финалето на Купот на Македонија. Пелистер на 20 октомври ќе биде домаќин во дуелот со Работнички

Актуелниот шампион, Шкендија, на пат до вториот трофеј во домашниот фудбал, ќе ја пречека Ренова во големото дерби во Тетово. Средбата меѓу Вардар и Скопје ќе биде многу интересна, како и онаа помеѓу Академија Пандев и Македонија Ѓорче Петров, што е повторување на финалето од 2019 година.

Осминафинале:
Шкендија – Ренова
Вардар – Скопје
Струга Трим Љум – Борец
Брегалница – Охрид
Беласица – Силекс
Пелистер – Работнички
Шкупи- Тиквеш

Сподели