Пелистер 40 минути парираше, па убедливо загуби од Металург

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Во четвртото коло од плејофот на првенството на Македонија, во Автокоманда Металург ја нагости екипата на Пелистер. Металург ја имаше улогата на фаворит на оваа средба, но до бодовите стигна по навистина голема борба, благодарејќи на идеалните 13 минути на крајот од второто полувреме. Имено, во 47. минута се уште беше 22-22, а крајот од средбата го дочекавме со предност од дури десет голови, 34-24 (16-16).

Металург – РК Пелистер 34-24 (16-16)

Металург:

Томовски, Даниловски, Маџовски 1, Јагањац 6, Димитриоски 7, Токиќ 6, Шилегов, Серафимов 2, Кузмановски 5, Велковски 4, Пешевски 3, Палевски, Матијашиќ, Лазаревски и Арсеновски. Седмерци: 4/6. Исклучени: 4 минути.

Пелистер:

Петров 2, Јагуриновски 2, Маџовски 1, Рајатовски, Чантурија 4, Димитровски 3, Рајичиќ, Чуриќ 4, Орџоникидзе 6, Брауновиќ, Митревски, Јовановски, Ивановски, Митиќ 2, Тодоровски и Везенковски. Седмерци: 3/3. Исклучувања: 6 минути.

Судии: Дејан и Димитар Георгиевски од Скопје.

 

Share.