ТЕРА

REKLAMA???

ПЕНДАРОВСКИ ИМ ЧЕСТИТАШЕ НА ПОБЕДНИЦИТЕ НА ИЗБОРИТЕ

Стево Пендаровски, актуелен претседател на Македонија и кандидат за втор мандат во вториот круг на претседателските избори, го призна поразот на двојните, претседателски и парламентарни избори на 8 мај.

„Резултатите се јасни и немам намера подетално да ги образложувам, сакам да им честитам на победниците и да им посакам успешна работа во следните четири, односно пет години“изјави вечерва на прес-конференција кандидатот за претседател поддржан од СДСМ и коалицијата кој се тркаше за втор мандат, Стево Пендаровски.

„Мојата совест е мирна. И натаму верувам дека Македонија може да успее само како мултиетничка држава интегрирана во ЕУ“ вели Пендаровски.

Пендаровски кажа дека ќе се врати да предава како професор на факултет каде што беше и претходно, пред да биде избран за претседател во 2019 година.