„Нема да ги наречам историски изборите, не мислам дека сите избори се историски, но да предупредам на една опасност од главната опозициона партија која нуди враќање назад. Ни еден договор од овие што не направија дел од нормалниот свет не им чини“ рече претседателот Стево Пендаровски на граѓанскиот митинг во Прилеп.

Тој додаде дека опозицијата 23 години по Рамковниот договор сака да го менува договорот кој спречи војна, дека сака да го менува и Преспанскиот бидејќи им пречи Северна само за доаѓање на власт, а не и за примање на фунцкионерска плата од истата Северна.

„Дилемата е јасна, понудите кои ги имате се јасни, тоа се црно и бело. Очекувам масовна мобилизација за гласање уште во првиот круг“ рече Пендаровски.

Претседателот додаде дека опцијата за која се застапува и зад која цел живот бил не може да ја однесе Македонија во балканска кал, туку ја носи во просперитетна европска средина.
„Македонија не смее да се враќа назад, само напред и заедно со вас“ рече Пендаровски.

Со членството во НАТО го зацементиравме идентитетот и јазик и ја обезбедивме државата , рече Пендаровски.
„Изминатиот мандат, не јас, туку сите ние, имавме прилично тешки пет години. Да не ја споменувам пандемијата кога бевме затворени дома или неповолните глобални случувања, но и покрај тоа сепак направивме една работа, која според мене, е рамна на независноста – станавме членка на НАТО“ рече претседателот Стево Пендаровски на граѓанскиот митинг во Прилеп.
Тој додаде дека со членството во НАТО се стави тапија за секој што мисли дека може да игра играчки со нашиот територијален интегритет и суверенитет.
„30 години немаа храброст за тоа, од разни причини, но сега се погодија луѓе од оваа политичка структура која успеа тоа да го направи. Знаете дека имавме тешки моменти со референдумот, промената на Уставот, но вредеше. Го зацементиравме идентитетот и јазикот, ја обезбедивме иднината на државата“ рече Пендаровски.

Претседателот додаде дека веќе никој не може да помисли да ја става Македонија како монета за поткусурување на било какво меѓународни конференции на кои големите прават есапи за делба на помалите.
„Ние сме мали, но откако влеговме во НАТО, зад себе, пред себе и до себе имаме уште 31 држава и тоа најголемите, најмноќните кои нема да не остават како помало дете во фамилијата некој да си игра играчки со нас“ рече Пендаровски.
На граѓанскиот собир Пендаровски рече дека е убеден оти со слога и правилен избор во следните 4-5 години ќе станеме членка на ЕУ.
„Убеден сум дека ако имаме минимум слога меѓу нас, зборувам и за опозицијата, во следните четири-пет години ќе станеме членка на ЕУ и ќе ги заокружиме сите стратешки цели за кои сонувале генерации Македонци и граѓани на Македонија“ рече тој.

Тој додаде дека не е сигурен дека има добар соработник и соговорник од другата страна, мислејќи на опозицијата.
„Најголема мака ни е иселувањето. Болката ни е таа, децата и внуците одат надвор, бидејќи тука немаат шанса. Нема граѓанин кој не ме прашал како да го намалиме иселувањето. Најдобро е ако тоа го правиме здружени со другите побогати и поуспешни во Европа. Ако Македонија не стане членка на ЕУ, сами, со овие сили и капацитети и потенцијал, нема да можеме да го спречиме“ рече Пендаровски.
Претседателот додаде дека затоа е императивно, на досоинствен начин, како што направивме со НАТО, да влеземе и во ЕУ.
„Јазикот ни е гарантиран, идентитетот исто. Оваа структура по 17 години ги започна преговорите и ја отвори првата конференција со ЕУ. За жал, затоа што нашиве квазипатриоти имаа поинкави планови, од различни мотиви се усојузија со Бугарите“ рече Пендаровски.












