Пензионери од Битола денеска на протест и блокада на улица во центарот на градот.
Се собраа на плоштaдот „Магнолија“ и по одржаните говори продолжија пред зградата каде што се наоѓа Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Македонија.
Бараат линеарно покачување на пензиите од 5000 денари и минимална пензија од 20.000 денари.
Носеа и транспарент на кој пишува дека пензионерите бараат достоен живот.
Блокадата на улицат како што рекоа е од 10:00 до 11:00 часот.