ТЕРА

REKLAMA???

ПЕНЗИОНЕРИТЕ И ПОЛИЦИЈАТА ЗА ПРЕВЕНЦИЈА ЗА БЕЗБЕДНО ЛЕТО

Претставници од Oтсекот за превенција при СВР БИТОЛА беа во посета на Здружението на пензионери на Битола.

Како што соопштија од здружението, на состанокот со пензионерите, во непосредна комуникација им беше укажано на мерките за заштита и самозаштита од разбојништва, кражби, џебни и дрски кражби, измами при лажни сообраќајни незгоди кои измамниците ги прават преку телефонска комуникација и други важни совети кои ќе им користат на повозрасната и ранлива  категорија граѓани за истите да се самозаштитат.

Покрај едукативно–информативниот карактер, целта на активноста е заштита и спречување, односно намалување на бројот на кривични дела од областа на имотните деликти, злоупотреби, измами со банкарски сметки, подигнување на пари од банкомати и сл.

Договорено беше соработката да продолжи по одморите со други теми кои се важни за безбедено и сигурно живеење на пензионерите.