Пензионерите си ги одмерија силите

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

За пензионерите од југозападниот регион на Македонија денеска рано наутро зборното место беше пред спортско-рекреативниот центар Император.

Се собраа за да си ги одмерат силите. На почеток збор два за манифестацијата во официлниот дел на прогласувањето на спортските игри за отворени, а потоа секој со својот тим во делот на дисциплината за која се пријавиле.

Битолските пензионери очекуваа добри резултати во пикадо.

Прилепските пак со очекување дека ќе бидат најдобри во сите дисциплини.

Имаше и такви кои скоро две децении се дел од овие спортски дружења.

По официјалните натпревари и прогласувањето на најдобрите, свечен ручек за сите кои денеска во Битола ги одмеруваа силите на спортските терени.

Share.